Зимски игри 2020



- Почеток на 10.02.2020 во 15:00 часот, време по сервер [GMT +2]
- Влезна такса - БЕСПЛАТНА
- Времетраење - 31 дена

Општи услови



- Се допуштаат регистрации единствено на профили над 20-то ниво. За профилите од верзија 5, каде што нема нива, условот е тие да бидат на повеќе од 500 нето економски поени и да се регистрирани пред повеќе од 1 седмица пред регистрациите за турнирот. Официјално вработените во Imperia Online немаат право на учество.

Правила на игра во турнирот



- Брзина на развој на Империите - Мега Блиц (x10) – десет пати побрзо од нормалното.
- Сите играчи почнуваат со по 1 милион од секој ресурс.
- Брзина на движење на личните војски - х4.
- Брзина на движење на сојузните војски - х1.
- Промената во времето за патување на воените мисии ќе ваѓи во Зимските игри. Отпаѓа фиксираното минимално време за патување. Наместо тоа кон реалното време за патување на глобалната мапа ќе се додадат соодветно 10 минути (до империја/варварски камп на глобалната мапа) или 2 минути и половина (до варварски камп/независен град во ексклузивна зона, независен град надвор од зоната или изоставена империја).
- Сојузите што учествуваат во игрите ќе се натпреваруваат во 12 различни дисциплини, кои покриваат различни аспекти на играта.
- Дисциплините ќе бидат со продолжителност од 2 до 4 дена.
- Дисциплините нема да бидат претходно познати и ќе бидат објавувани пред почетокот на секоја една од нив.
- За време на првите 24 часа на турнирот нема да има активна дисциплина.
- Сојузите ќе бидат оставени од до 30 играчи.
- Сите сојузи ќе бидат затворени по подразбирање и нови членови ќе може да се придружуваат само преку покана или одобрување на нивната кандидатура.
- Ако член го напушти сојузот, неговиот резултат за моменталната дисциплина ќе биде изваден од резултатот на сојузот што го напуштил. Ако играчот се придружи во друг сојуз, резултатот ќе биде додаден во резултатот на новиот сојуз.
- Лимитот на војска која може да биде распоредена во сојузен посед е зголемен на 500 милиони единици.
- Нивото на варварска закана ќе се зголемува 10 пати побрзо од нормалното.
- Секој варварски камп може да праќа напади против играчи кои се наоѓаат на максимум 360 растојание, наместо на 70.
- За секој победен варварски камп, играчот ќе добива 25% повеќе сила на нападот на варварите.
- Ако напаѓачката варварска војска победи во Опсада на тврдина, сите градби на играчот паѓаат со 1 ниво, а основните поени за нив се одземаат од моменталните нето економски поени на играчот. Ако градба е во изградба, нивото што се гради ќе биде отстрането, а нето економските поени за него одземени. Куќите не можат да паднат под 5-то ниво во Престолнината и под 1-во ниво во останатите провинции. Ако тврдина 8 во неуништлива колонија биде уништена од варварски камп, колонијата повторно ќе стане уништлива.
- Варварските војски немаат капацитет на носивост, тие секогаш ги запленуваат сите ресурси ако победат во опсада на тврдина.
- Издржувањето на војската ќе варира во зависност од тоа каков процент составува војската од нето економските поени на играчот.
- Играчите ќе можат да избираат управувања за своите империи.
- Играчите ќе можат да ги испраќаат сите видови ресурси на своите сојузници.
- Играчите ќе можат да им праќаат засилувања на своите сојузници.
- Вешитните Теренски исцелител и Медицински научник нема да им се паѓаат на Големите луѓе.
- Играчите ќе може да обновуваат 35% од изгубените во битка единици за дијаманти, независно од нивото на Воената медицина;
- Бесплатното обновување е ограничено до 65% од единиците изгубени во битка - 15% основно, со тоа што секое ниво Воена медицина го зголемува обновувањето со 0,5% за напаѓачи и 1% за бранители;
- Сојузната војска ќе продолжи автоматски да се обновува.
- Разликите во паѓањето на моралот за време на битка се зголемуваат од диапазон 1-7 поени на рунда до диапазон 2-8 поени на рунда.
- Нападите кои заклучуваат ќе работат според нови параметри. Нето вредноста на напаѓачката војска треба да биде најмалку 20% од нето вредноста на бранителот. Заклучувањето ќе се извршува само во последните 10 минути пред ударот, наместо преку целиот период во кој е видлив нападот.
- За време на игрите, сите учесници ќе добиваат двојно повеќе искуство за своите профили во светот на игрите.
- Нема да има Турнири.
- Нема мод Одмор.
- Ќе бидат вклучени нови модификатори на задоволство – смрт на император/императорка ќе води до загуба на 10 задоволство, смрт на гувернер/генерал во одбрана ќе води до загуба на 5 задоволство, склучување на династички брак ќе води до освојување на 5 задоволство, претворање на колонија во неуништлива ќе води до освојување на 10 задоволство, откупување на запленет голем човек ќе води до освојување на 10 задоволство.
- Прирастот на населението ќе биде под влијание на задоволството – намалено задоволство ќе води до намален прираст.
- Големите фестивали ќе даваат по 3 поени задоволство наместо по 2.

Рангирање



- На крајот на секоја дисциплина, сојузите што се рангирале на првите 10 места ќе добиваат поени - за 1-во место - 75 поени, за 2-ро место - 45 поени, за 3-то место - 15 поени, за 4-то место - 7 поени, за 5-то место - 6 поени, за 6-то место - 5 поени, за 7-мо место - 4 поени, за 8-мо место - 3 поени, за 9-то место - 2 поени, за 10-то место - 1 поен.
- Ако 2 или повеќе сојузи имаат еднаков резултат на крајот на дисциплината, рангирањето ќе се одредува според правилото за тајбрејк, коешто ќе биде објавено пред почетокот на секоја дисциплина.
- Победник во Зимските игри ќе биде сојузот што собрал најмногу поени од сите дисциплини.
- Ако помалку од 10 сојузи успеале да добијат поени од дисциплини, тогаш во финалната десетка ќе бидат рангирани и сојузи без поени според следното правило: кој сојуз има понизок резултат при пресметување на просечната вредност на сите негови рангирања во одделните дисциплини, разделена на бројот дисциплини, во којшто учествувал.
- Следните тајбрејк правила ќе го решат финалното рангирање ако 2 или повеќе сојузи имаат еднаков резултат:
1-ви тајбрејк - кој сојуз има повеќе златни медали
2-ри тајбрејк - кој сојуз има повеќе сребрени медали
3-ти тајбрејк - кој сојуз има повеќе бронзени медали
4-ти тајбрејк - кој сојуз има понизок резултат при пресметување на просечната вредност на сите негови рангирања во одделните дисцплини, разделена на бројот дисциплини во коишто учествувал
5-ти тајбрејк - кој сојуз има повеќе нето економски поени

Награди:



- Играчите од сојузите, рангирани на првите 3 места во крајното рангирање, ќе добијат медали за шампиони на Зимските игри на своите профили.
- Играчите од сите сојузи, коишто успеале да земат минимум едно прво, второ или трето место во некоја дисциплина, но нивниот сојуз не се рангирал во финалните топ 3, ќе добијат орден за учество. Секој играч може да добие само 1 орден.
- Сојузите што се рангирале на првите 10 места во крајното рангирање, ќе добијат дијаманти како што следува: за 1-во место - 6 800 000 дијаманти, за 2-ро место – 4 250 000 дијаманти, за 3-то место – 3 400 000, за 4-то место – 2 550 000, за 5-то место – 2 040 000, за 6-то место – 1 700 000, за 7-мо место – 1 190 000, за 8-мо место – 1 190 000, за 9-то место – 1 190 000, за 10-то место – 1 190 000.
*Сите награди во дијаманти ќе бидат поделени под форма на ваучери со е-пин за привремени дијаманти, валидни за 30 дена.

*Тимот на Империја Онлајн го задржува правото да ги променува правилата на турнирот во секој момент, без претходно предупредување и објаснување на учесниците.